Едно дилерство за возила од Њујорк, нашло “инвентивен” начин за екстра заработка, со која своите банковни сметки ги наполнило со дополнителни приходи од неколку милиони долари.
Имено, овој салон за продажба на BMW при секоја трансакција на своите клиенти им наплаќало по 2% од вкупната вредност на возилото на име : “трошок за продажна провизија”.
Oвој случај стигнал и до судските органи, кога еден клиент се пожалил дека му биле наплатени дури 700 долари на име – трошоци за провизија.
Подоцна се испоставило дека сите клиенти го добивале овој екстра трошок, а доколку се побара објаснување за оваа позиција на фактурата, најчесто се добивале “матни” и неконзистентни одговори – дека тоа е стандарден трошок кој дилерствата го наплаќаат од своите клиенти, дека се работи за трошок од кој ќе биде покриена провизијата на лицето кое го продало автомобилот и слично.

Согласно нормите и правилата во бизнисот, провизијата на продажните консултанти, не смее да биде дополнителен, уште помалку скриен трошок на товар на клиентите при било која трансакција, туку истата оди од профитот и џебот на сопствениците на компанијата, според правила кои самите ги уредуваат интерно.
Покрај овие, било утврдено дека истото дилерство имала и други незаконски практики, а клиентите биле задолжувани и со други трошоци, како што се некакво осигурување, од самото дилерство, такси и слично.
По отворањето на овој случај, дилерството е обвинето и задолжено на своите клиенти да им врати повеќе од 1 милион долари.
Погледнете ја последната епизода од Темпо Магазин :













