Увозникот и дистрибутер на Германската марка BMW за Македонија, М-Кар, ја продолжува соработката со нашиот најуспешен музичар, виртуозот на гитара, Влатко Стефановски.

За таа цел во салонот на BMW во Скопје, беше организирана фотосесија и мал прес настан на кој, му беа официјално врачени клучевите од BMW Серија 3 Touring на Влатко.








