Од семејните SUV модели на Volkswagen Group, денес, редот дојде да се осврнеме и на моделот Tayron.
Moделски, овој голем SUV, во палетата на VW е позициониран во средината, помеѓу Touareg (во премиум класата) и Тiguan (кој се натпреварува во компактната класа на SUV автомобили).
Може да биде опремен со пет, или опционално, ако тоа се побара, и со седум седишта.

Таyron се прави во фабриката во Волфсбург каде што се произведуваат и останатите ултра популарни автомобили – Golf, Tiguan и Touran, и во која досега се произведени околу 48 милиони автомобили за потребите на светскиот пазар.

Првиот примерок на Tayron се стркала од производната лента кон крајот на ноември 2024 година, по што полека почна да се појавува и во авто салоните на Volkswagen.

Што можеме да издвоиме за Тајрон?
Се работи за голем семеен SUV кој може да се порача во варијанта со погон на предните или на сите тркала.
Долг е 4,79 метри, што му дава доволно простор за патниците, но и за пренос на сериозен багаж.
Во предниот дел, маркантни се препознатливите лед светла на брендот, со осветленото лого во средината, а таков е и задниот дел на автомобилот. Долга светлосна линија, со осветлено лого на VW.

Во конфигурирањето, Тајрон, кој е поставен на повисоко ниво, започнува од нивото на опременост Life, во кое веќе како стандардна опрема доаѓаат девет воздушни перничиња, тризонска автоматска клима, позадинско осветлување со 10 бои.

Инфотејнмент системот има големина од 32 сантиметри во дијагонала, и има безжично поврзување за Apple CarPlay и Android Auto, дигитални инструменти, предни лед светла, затемнување на сонцето во прозорците на задните врати и 17 инчни алуминиумски тркала.

Интелигентните безбедносни системи вградени во новиот Тајрон се адаптивниот темпомат (круз контрол), сопирање кога вртите во случај на возило во надоаѓање, систем за промена на коловознаталента, систем за одржување на возилото во коловозната лента, автоматски систем на сопирање во случајна опасност од судар, со вклучена асистенција и детекција на пешаци и велосипедисти, асистент за паркирање, систем со задна камера, диамичен систем за прикажување на сообраќајните знаци и систем за предупредување во случај на излегување.
Volkswagen на своите клиенти го нуди Тајрон со благ хибриден погон (eTSI), два plug-in хибридни погони (eHybrid), два бензински мотори со турб полнење (TSI) и два мотори на дизел гориво со турбо полнење.
Сите погони се поврзани со автоматски менувач со директно менување (DSG).

Основниот мотор eTSI со моќност од 110 kW (150 PS) веќе е високотехнолошки погонски систем (блага хибридна технологија со 48 Волти).
Сепак, главните предности на електричниот и бензински погон се гледаат кај иновативните eHybrid-ни модели. Тие испорачуваат моќност од 150 kW (204 PS) и 200 kW (272 PS). Благодареие на батеријата со нето капацитет од 19.7 kWh двата Тајрона со е-хибриден погон може да достигнат домет од 100 км.

Нивната батерија може да се полни на полначи в кутиите монтиани на ѕидот, но и на брзите станици за полнење (до 50 kW) – исто како и електричните возила.
Двата TDI мотори на новиот Тајрон, пак, имаат моќност од 110 kW (150 PS) and 142 kW (193 PS), додека двата бензински мотори TSI произведуваат моќност од 150 kW (204 PS) и 195 kW (265 PS).
Двата TSI мотори и поголемиот 142 kW TDI мотор се спарени со 4MOTION погон на сите тркала како стандардна опрема.
Тој е одличен SUV за влечење на приколка, бидејќи има капацитет за влечење до 2.500 килограми.
Овој мај, новиот Тајрон се закити и со максимални 5 ѕвездички на еуро нцап краш тестот, што ја потврдува неговата максимална безбедност.








