Според автомобилскиот портал CarScoops, Американците започнуваат судски постапки и тужби против виетнамскиот авто бренд VinFast, поради измамничко рекламирање на автомобилот VF8.
Како што се наведува во написот, неколку сопственици на автомобилот VF8 Plus AWD започнале тужбена постапка во Калифорнија, наведувајќи го како причина, спорото полнење на батеријата.
Според нив моделот едно полнење на батериите се прави за 24 часа, што е многу повеќе од декларираното.

Сопствениците на овој автомобил, во тужбата поднесуваат дека VinFast во рекламите наведувал дека автмобилот се полни со најмалку 6,6 kW и до 32 ампери, додека во реалноста одвај се остварува полнење со 2 kW.
Покрај спорото полнење, дополнително, се пријавуваат случаи во кои автомобилот се исклучува сам од полначот, па многу сопственици се будат со батерија со НУЛА енергија.







