Италијанскиот производител на автомобили Alfa Romeo, кој работи под капата на Stellantis, и го претстави на јавнoста новиот, освежен, компактен премиум SUV – Alfa Romeo Tonale.

Како локација за светската премиера на овој значаен автомобил во палетата на Alfa Romeo е избран Италијанскиот град на уметноста и културата Пиза.
Во редизајнираниот примерок, Alfa Romeo има вбризгано новини во изгледот, ентериерот, погонските единици.
Надворешно, Tonale добива промени во маската на ладилникот која е позајмена од моделот 33 Stradale, поставени се нови логоа на предната и задна хауба во црно бела боја, а се користат и поголеми 20 инчни алуминиумски тркала, кои се полесни од претходните модели.

Во ентериерот се користат нови, според производителот поквалитетни материјали, со нови комбинации на боите, а сите седиштa имаат и електрично подесување во осум правци, греење и вентилација.
Во поглед на погонските единици, Tonale е опремен со благ хибрид, составен од бензински турбо мотор со зафатнина од 1,5 литри кој може да развие до 175 коњски сили.

За клиентите кои ќе изберат плаг-ин хибридна верзија, може да се набават мотори со 190 и 270 коњски сили.
Mенувачот на Tonale е поставен на редизајнираната централна конзола, направен е како вртливо копче, а брзините може да се менуваат и преку алуминиумските конади на воланот.

Во ентериерот, Tonale добива дигитален инструмент кластер со големиа од 12,3 инчи, додека мултимедијалниот инфотејнмент систем – Alfa Connect има големина од 10,25 инчи и има можност за безжично поврзување со мобилни телефони преку Apple CarPlay и Android Auto апликациите кај кои постои можност за директни “over-the-air (OTA)” апдејти .

Тоnale во оглед на безбедноста се закитеи со пет ѕвездички на EuroNcap креш тестот.
Доаѓа со безбедносно Ниво 2 асистенција при возењето, кое вклучува адаптивен темпомат (cruise control), систем за следење и центрирање на возилото во коловозната лента, систем за автоматско сопирање со препознавање на пешаци и велосипедисти, систем за контрола на мртвиот агол, систем за асистенција во ситуации на голем сообраќаен метеж и други системи за активна и пасивна безбедност.
Како опција можете да изберете и камера со 360 степени и дронски приказ на возилото од сите страни и полуавтоматски систем за паркирање.
Дополнително новата Alfa е опремена со електронска задна хауба која автоматски се отвара без допир, двозонски клима уред со AQS сензор, греени и вентилирани седишта.

Што се однесува до цените, засега се најавува дека истите ќе се движат во истата линија како моделот од претходната генерација.






Не пропуштајте :







