Stellantis Групацијата објави дека го запира развојот на програмата за водородна технологија, кој требаше да се имплементира кај комерцијалните возила.
Како причина за оваа одлука се наведуваат – ограничената и слаба мрежа на полначи, голем капитал потребен за развој и ограничените субвенции за возила од овој тип од државите.
Хидрогенската технологија требаше да се имплементира во фабриките во Франција и Полска, во кои беше предвидено производство на неколку лесни комерцијални возила, ванови на водород.














