Најмалиот автомобил во палетата на Toyota – Aygo X ja воведе хибридната технологија и доби нов освежен и поагресивен дизајн.

Редизајнираниот Aygo X е опремен со самополнечкиот хибриден погон од поголемиот брат – Yaris, што ги подобрува перформансите на моделот и намалува издувната емисија.

Со ова, Toyota го исфрла претходниот 1,0 литарски трицилиндарски атмосферец, и се опремува со 1,5 литарски хибрид.
Со хибридниот мотор , се добиени 114 коњски сили, што е дури 43 коњски сили повеќе од 1,0 литарскиот бензински мотор.

Во поглед на дизајнот, во надворешноста сосема јасна е новата, поагресивна линија, која треба да го издвои Aygo X од останатите автомобили на патиштата.
Посвеж ентериер
Во ентериерот, сега може да се најде новиот 7 инчен инструмент кластер, додека инфотејнмент системот има дијаметар од 9 инчи.

И покрај електрификацијата, волуменот на багажниот простор остануваат 231 литри, бидејќи двете групи батериски ќелии се поставени по ширината на задните седишта, со помошната батерија ставена под багажникот.
Аygo X GR Sport
На крајот, Aygo X добива и GR Sport пакет, кој има спортски 18 инчни алуминиумски тркала, поинаква решетка напред со лажни всисни елементи, а постои и нова боја во темно кремава боја со црна хауба.









