Како дел од својата развојна маркетинг стратегија, CUPRA отвори ново, луксузно собиралиште за фановите на брендот во Виена, недалеку од легендарното кафуле Café Sacher, Државната Опера и Хофбуршката Палата во срцето на градот.
Ова е дефакто 11-то место од овој тип на Cupra кое го нои името City Garage (градска гаража) и кое во Австрија е во сопственост на Porsche Austria.
Oва место, кое е дизајнирано за да ја крева свесноста и поврзаноста на луѓето кон брендот во Виена се простира на 470 м2.

Овие места за дружење и поврзување, не се дизајнирани за да бидат салони (нема изложено возила), има само рачно цртани мурали со мотивите на Купра, и може да се погледнат аксесоарите наменети за возилата од овој Шпански бренд.
Во Виена, како и во другите Градски Гаражи на Купра, на ова место ќе се одржуваат настани, евенти, дружења и вмрежувања, а се замислени и како одлично афтерворк место, на кое по работа можете да дојдете на забава, ди-џеј сесија, пијачка и дружба.







