Елон Маск и понатаму ги жнее резултатите од неговата политика, во која јавноста, покрај поддршката на Трамп и неговите политики, сериозно препознава симпатии и промовирање на фашизмот во светот.
Штетите ги чувствува неговиот бренд на електрични автомлбили Tesla, кој под жесток атак на активистите во САД но и речиси на целата палета, доживува сериозен пад во продажбата и профитабилноста.
Беа направени повеќе герила напади на дилерства во САД и Канада, вандализирани беа многу автомобили, но се чини дека пред нас е најекстремниот протест против Маск.
98 годишниот ветеран од Втората Светска Војна, Кен, со популарниот тенк од времето кога Сојузниците војуваа со Германските Нацисти, Шерман, буквално го “прегази” aвтомобилот на Tesla.
- Доволно сум стар да го препознаам фашизмот на дело, вели ветеранот, а Елон Маск, најбогатиот човелк на светот ја користи својата моќ да ги помага екстремните групации од Европа, а неговите пари, јасно доаѓаат од Тесла автомобилите.
Ова го изјави ветеранот, пред да влезе во тенкот и да ја смачка сината Tesla 3.






