JEEP и официјално го претстави својот нов член на семејството робусни SUV автомобили, наменети за секаков пат и терен.
Новиот Compass дебитира во Италија, каде што и се прави, во фабриката во Мелфи, клучната точка на Stellantis поврзана со електрификацијата.
Новиот Compass еволуира со дополнителни три мотори e-Hybrid, e-Hybrid plug-in и целосно електричен мотор со ранг од 650 километри, а се нуди и во варијанта со погон на сите тркала (4×4).

Новиот Compass е направен на платформата на Stellantis STLA Medium, од која може да извлече вкупна должина од 4,55 метри, и да обезбеди дополнителни 55 милиметри во простор за нозете.
Новиот Компас, нуди и повеќе простор за складирање. Во предниот дел просторот за складирање се зголемува на 34 литри, како и зголемен волумен во багажникот за 45 литри, на вкупни 550 литри.

Новиот инфотејнмент кластер е со големина од 10″, додека радиото е со големина од 16 инчи.







