На почетокот на Мај, 1975 година, пред точно 50 години, со слоганот – Maл однадвор, голем одвнатре, Германскиот гигант Volkswagen го претстави својот мал градски автомобил Polo.

Во тоа време, малкумина претпоставуваа дека овој мал компактен автомобил, со две врати, ќе стане апсолутен бестселер, во земјата и странство, и дека ќе се продаде во 20 милиони примероци, во овие изминати пет декади.
Сериското производство на Polo почна во фабриката лоцирана во седиштето на брендот во Волфсбург и остана таму до 1981 година, период во кој биле произведени 1,1 милион единици.

Подоцна, како модел кој ги надмина своите иницијални проекции, мораше да се прошири по фабрики во целиот свет, како што се Шпанија, Аргентина, Словенија, Кина…
Во таа, 75-та година од минатиот век, малото Polo, следеше како најнов модел во серијата која почна со Passat (1973) и Golf (1974). Три кое долги години подоцна, ќе прават вистински дар-мар во авто индустријата.
Моделот, денес, ја живее својата шеста моделска генерација, која беше промовирана во 2017 година, од која досега, има продадено околу 2,5 милиони примероци.







