Кинески Cherry промовира роботи кои ќе продаваат автомобили

284

На Саемот во Шангај, сосема логично, доминираа домашните производители на автомобили, а меѓу нив не остана незабележана и новината која ја презентираше Кинескиот производител Cherry.

Kинезите го претставија својот прототип на хуманоиден робот, кој се вика Mornine и кој би требало да ги пречекува клиентите и да им ги презентира своите автомобили.

Впрочем, ако сте имале можност да прошетате по дилерствата, тоа и не е некоја голема новост, бидејќи и живите продавачи, честопти делуваат како програмирани роботи, кои следат одредена продажна скрипта.

Но, она што веројатно може да се констатира од прв поглед, е дека во Cherry не поработиле многу на тоа, роботот да изгледа реалистично. Мornine делува како Stormtrooper од Војна на ѕвездите, која лошо се движи, на која од за нас, нејасни причини и ставиле гради и заоблен задник.

Кинескиот производител на автомобили, својот робот продавач, на дилерите им го продава по цена од 50.000 евра и очекува сите да го имаат во своите салони.

Инсајдерските информации велат дека воведувањето на роботот од страна на Cherry е само вовед во една нова производна дисциплина, во која компанијата сака да се специјализира и која сметаат дека сериозно ќе го засени бизнисот со автомобили.

Реклама