Oвој Кинески бренд, ќе гради фабрика во Европа

176

МG Мотor е кинески бренд на автомобили, кој навистина сериозно настапува на пазарот во Европа.

Како дел од Групацијата SAIC, тие го превземаа легендарниот британски бренд MG, и само во минатата година успеаа на нашиот континент да пласираат 240.000 автомобили.

Но нивното темпо на развој, привремено го запре Европската Унија, која реши да донесе високи царински стапки за сите автомобили произведени во Кина, кои во случајот со MG стигнуваат и до 45%!

Од ти причини, не е за изненадување, одлуката на MG да отвори фабрика на стариот континент во која ќе ги произведува своите автомобили наменети за Европскиот автомобилски пазар. Локацијата и деталите околу новата фабрика на MG Motor сеуште не се објавени.

Реклама