Hyundai на суд. Обвинет бидејќи е лесен за кражба

234

Корејскиот производител Hyundai, според објавата на The Guardian, е обвинет дека не ги предупредил своите купувачи дека неговиот модел Ioniq 5 многу лесно се краде.

Обвинувањето го поднел Елиот Инграм, експерт за дигитална безбедност, кој се решил да го повлече овој потег откако видел колку лесно, брзо и едноставно, маскиран крадец го украл неговиот Ioniq 5.

Кражбата била завршена за само 20 секунди, а крадецот употребил уред кој го имитира електронскиот клуч на овој автомобил и притоа може лесно да се најде на интернет.

Иако полицијата подоцна го нашла украдениот автомобил, Инграм го вратил автомобилот, раскинал договорот и побарал оштета од Hyundai бидејќи не добил никакво предупредување од производителот, дека неговото возило може да биде лесен плен на криминалци.

Реклама