458 милиони евра казна за производителите на возила!

169

Европската Комисија им нанесе уште еден тежок финансиски удар на 15 производители на возила, изречувајќи им вкупна казна од 458 милиони евра.

Казната доаѓа како резултат на темелна истрага, во која било утврдено дека 16 производители на возила, користеле монополска практика и договарање во последните 15 години, со што нанеле директна штета на животната средина.

За што се казнети производителите?

Монополската практика на овие 16 производители се однесувала на т.н. End of Life Vehicle (крај на животот на возилото). Oва е фазата во која автомобилите поради застареност, амротизираност или оштетеност (дефектност) повеќе не може да се користат (возат).

Во тој контекст, производителите решиле :

  • да не им плаќаат на растурачите, за уништување на возилата. Тие решиле дека ова е процес кој сам по себе е профитабилен и за тоа не треба дополнително да им се плаќа на отпадите
  • производителите се договориле меѓу себе, да не ја споделуваат информацијата колку од автомобилите може да се рециклира или употреби во производството на нови возила. Со ова компаниите сакале да ги скријат овие чувствителни инфрмации од клиентите и да се заштитат од притисокот, во контекст на тоа, дали ќе се преферираат брендовите кои рециклираат и употребуваат повеќе материјали.

Mercedes-Benz ослободен од казна, бидејќи го разоткрил картелот

Интересен е податокот, дека и Mercedes-Benz е една од компаниите кои учествувале во оваа завера, но бидејќи помогнале да се обзнани нивното незаконско дејство, на овој бренд не му е изречена казна.

Исто така и на производителите Stellantis (вклучувајќи го и Opel), Mitsubishi и Ford им се намалени казните поради нивната отворена соработка во истрагата.

Инаку, во казната се вклучени речиси сите производители : BMW, Ford, Stellantis, Opel, Honda, Hyundai/Kia, Mazda, Mercedes-Benz, Renault, Nissan, Toyota, Volkswagen, Volvo, Geely, Tata…

Реклама