Според обработените статистички податоци превземени од ЈАТО Dynamics, во февруари 2025 година се продадени 966.271 возила, што претставува пад од 2,5% во споредба истиот месец, минатата година.
Податоците ги сумираат продадените автомобили во земјите од Европската Унија, плус Велика Британија, Норвешка и Швајцарија.

Ако ги анализираме бројките според брендови (производители), на првото место доминира Volkswagen Group со 249.403 возила (пораст од 1%), на втората позиција со 156.263 возила следува Stellantis (Peugeot, Citroen, Opel, Jeep, Fiat…) кои истовремено книжат и пад на продажбата од 16% споредено со февруари 2024 година, a како вистински лидер овој месец e Renault Group со 106.590 возила (но и пораст од дури 12%)

По модели, повторно лидер на Европскиот пазар е Dacia Sandero со 21.604 возила (пораст од 4%), следува Citroen C3 (+4%), а на третото место е веќе споменатиот Renault Clio (18.348 возила, со пораст од дури 22%).








