Уште еден, нов удар за компанијата на Илон Маск, Tesla.
На Меѓународниот Саем во Ванкувер, Канада, организаторите решиле да ја исфрлат Tesla од манифестацијата, поради, како што изјавиле, безбедносни причини.
Портпаролот на Саемот изјавил дека од луѓето во Tesla било побарано сами да се повлечат, но откако тоа не се случило, организаторите морале да интервенираат, бидејќи нивниот примарен интерес е безбедноста на посетителите.
Причината поради која Tesla е идентификуван како бренд со висок ризок, е општата хистерија во САД и Канада против нејзиниот директор Маск, кој отворено го подржа новиот Претседател Доналд Трамп, а превзема и низа на мерки во администрацијата кои беа пречекани од јавноста на нож.
Хистеријата во САД кулминираше со неколку напади и запалувања на автомобилите на Tesla и нејзините станици за полнење.
Во минатиот вторник во Лас Вегас, едно лице употребиле огнено оружје, пред да запали неколку Tesla автомобили кои чекале на сервис, а овој акт, од FBI е идентификуван како акт на домашен тероризам.
Од овие причини, сакајќи да превенираат некој нов напад или агресивен акт на вандализам, организаторите на Саемот во Ванкувер, решиле да ги отстранат возилата на Tesla од саемските кругови.







