Фудбалската ѕвезда на Манчестер Сити, Ерлинг Халанд, се здружил со милијардерот Уле Ертваг, и заедно си купиле Bugatti Tourbillion.
Од овој автомобил,кој беше претставен летото 2024 како замена за Bugatti Chiron, се произведени само 250 примероци.
Bugatti Tourbillion има хибриден V16 мотор со моќност од 1.800 коњски сили, кој од нула до 100 km/h забрзува за само две секунди.

Максималната брзина на овој суперавтомобил е 446 km/h.
Oвој автомобил во Британија, чини 3,2 милиони фунти, но дуото, веројатно ќе мора да плати повеќе од оваа цена, бидејќи во Норвешка се воведени повисоки царини и давачки, за хибриден бензински мотор.







