Премиера на новиот минијатурен Opel Rocks

418

Одлуката да се влезе во овој мал, минијатурен сегмент на Opel веројатно се крие во желбата да се поработи на имиџот и да се направи нешто ново, интересно и модерно, кое ќе им се допадне на новите генерации.

Зборуваме за генерациите на млади луѓе кои ја сакаат природата и животната средина, кои бираат моторцикли, тротинети или велосипеди наместо автомобили, кои се зависници од електрониката и поврзаноста со мобилните телефони.

Новиот Rock, е токму тоа. Мал електричен автомобил, кој во Германија може да се вози (управува) од 15 години.

Има место за само двајца патници, има електричен мотор кој дава автономија во возењето од 75 километри, со полна батерија, што го прави идеален за градско возење, и за паркирање, секако…

Новиот Rocks, може да се полни на обичен приклучок за струја присутен во секое домаќинство, а кабелот за полнење е сместен во задниот дел на патничката врата и може многу лесно да се извлече од своето лежиште.

Долг е само 2,41 метри, широк 1,39 метри (без ретровизори) и има радиус на вртење од само 7,2 метри.

Ентериерот е едноставен, со лесни за ракување контроли, и лесни за следење дисплеи.

Има секако, usb приклучок за мобилен телефон и конективност на мрежа преку DAT dongle, преку која може да се пристапи на интернет и на ‘myOpel’  апликацијата.

Возачите може да ги приклучат своите смарт телефони и преку bluetooth, со прекинувач на воланот  ‘MyRocks Switch’, а преку MyRocks Play’ може да се слуша омилената музика, да се користи омилениот навигациски систем или да се телефонира без да се користат рацете при возењето.

Официјалното лансирање на новиот Opel Rocks, с најавува за наскоро, кога ќ бидат објавени и цените, за кои се вели дека ќе бидат многу конкурентни.

Реклама