Хамилтон 8-ми во Австралија… Сеуште се навикнува на болидот

231
Фото - Ferrari

Луис Хамилтон во кој се фокусирани многу погледи на почетокот на сезоната во Ф1, на првата квалификациска трка во Австралија, го освои осмото место, веднаш зад неговиот клупски другар од Ferrari, Шарл Леклерк.

Како што самиот изјави, тој сеуште не е навикнат на машината со која се натпреварува.

За скромниот пласман, смета дека е виновно мокрото време, и фактот што за прв пат го вози болидот во такви услови. Притоа, сеуште не е навикнат на машината и на сите копчиња и свичови кои го прилагодуваат однесувањето на болидот во такви услови.

Немам поим каков сетинг ќе поставиме за утрешната главна трка. – изјави седумкратниот шампион.

Реклама