Според официјалните податоци на JATO Dynamics, и покрај сериозниот пад на продажбата од 15%, споредено со претходнит јануари (2024 година) лидер на Европскиот пазар, според бројот на регистрирани автомобили е и понатаму DACIA Sandero, со 21.309 регистрирани автомобили.
На второ место е VW Golf со 17.630 регистрации пред Peugeot 208 со 17.289 регистрирани автомобили.
На високото четврто место се наоѓа уше еден адут од Романија, малиот градски SUV – Dacia Duster, кој бележи 15.816 регистрации, но и сериозен пораст на продажбата во споредба со минатиот јануари од 20%.
Во продолжение целата листа на новорегистрирани автомобили во Европа :

По брендови, ситуацијата изгледа вака :

Кај електричните автомобили (BEV), на првото место, со 7.177 регистрирани единици, доминира VW ID.4 кој бележи пораст на продажбата од 195%, пред Американската Tesla со пад на продажбата од 46% – или со продадени 6.115 возила.
Следи уште еден модел од VW – Volkswagen ID.7 со 5.879 возила и пораст од 657%.















