Сребрените трокраки ѕвезди блеснаа на ModaMiami

169

ModaMiami е еден од најблескавите и најлуксузни евенти на светот за класични автомобили, а оваа година на него блеснаа и сребрените ѕвезди од Штутгард.

На настанот Mercedes Benz ги донесе моделите – 300 SLR тркачката икона од 1955 година, Mercedes-Benz SLR McLaren “Stirling Moss” (Z 199) High Performance Sports Car како и повеќе свежо обновени класици со трокраката ѕвезда, како и свежите топ производи со заштитниот знак MANUFAKTUR.

Присутните на настанот ModaMiami кој се одржува во хотелот Билтмор во Мајами, имаа можност да видат и неколку, многу ретки предвоени модели, искомбинирани со тркачките ѕвезди, но и најновите хиперавтомобили.

Реклама