Американската и светска јавност, врши огромен притисок врз производителот на електрични автомобили Tesla, главно поради, во најмала рака, контроверзните ставови и политики на неговиот сопственик, ексцентричниот Илон Маск.
Маск, кој ја доби задачата да го води Секторот за ефикасност на Владата, во новата администрација на Трамп, направи маса на отпуштања во државните институции.
Како реакција на големиот бран на откази, дел од јавноста во Америка, својот гнев го сврте токму кон компанијата во која е Маск косопстеник и извршен директор – Tesla.
Организирани се протести, под слоганот “Tesla Takedown”, во кои се повикуваат граѓаните да не купуваат автомобили Tesla, да ги продадат ако веќе ги купиле и да се ослободат од акциите на Tesla.

Крајната цел, според демонстрантите е да се стимулираат акционерите на Tesla да му изгласаат недоверба на Маск.
Веќе беше објавено кон крајот на годината дека акциите на Tesla веќе забележаа пад на берзата за околу 7 проценти, а сериозно е намалена и добивката на компанијата.
Експертите нотираат дека Tesla, наоѓа на тивок отпор и на стариот континент, во Европа, каде неговите електрични автомобили веќе не се на врвот на продажбата.
Во Европа, која е во некаков облик на студена војна со Трамповата администрација, главно се забележува на неговите контроверзни потези, нацистичкит поздрав со раката за време на инаугурацијата на Трамп, како и најавата за силни царини за сите неамерикански автомобили и продукти.














