Тргнувајќи од фактот дека 60% од новокупените возила одат кај компании за службени или флотни возила, Европската комисија им предлага на своите членки да ги стимулираат компаниите да купуваат електрични возила, наместо возила со мотори со внатрешно согорување.
На тој начин би се стимулирале компаниите да го менуваат својот возен парк, да го запрат падот на продажбата на електрични возила и позитивно да влијаат на животната средина.
Препораките треба да опфажаат повеќе мерки, како што се
- укинување на субвенциите за купување на коли со мотори на внатрешно согорување
- субвенции за купување на електрични возила
- дополнителни стимулации за компаниите да преминат на електрични возила.
Останува да видиме дали овие препораки ќе бидат прифатени од земјите членки, и дали ќе дадат ефекти ако се земе предвид дека како најсериозен проблем во посилната продажба на електрични возила, останува недоволно развиената мрежа на станици за полнење струја.














