Kинеско градско возило за 9.600 долари

333

GAC Aion UT EV е новиот кинески електричен автомобил, кој во исклучително конкурентен сегмент се натпреварува со aвтомобилите на BYD и MG, се повеќе се чувствува неговото влијание на пзарите во Кина.

Многумина беа скептични, кога во Кина се најави моделот минатиот ноември со проектирана цена од 13.800 долари.

Но, со новата цена од само 9.600 долари, понудата за овој електричен автомобил е навистина привлечна, со потенцијал да добие нови клиенти како и да ги превземе клиентите кои имаат доволно пари за да си купат користен автомобил.

Aion UT, се нуди во батериски пакети од 34.8 kWh и 44 kWh, а од GAC ветуваат автономија со едно полење од 330 км.

Во ентериерот Aion UT е сосема симпатично опремен, со 14.6 инчен инфотејнмент систем и дигитален инструмент кластер со 8,8 инчи.

Реклама