Каде е легендарното комбе на Делбој?

223

Култната Британска комедија во епизоди Only Fools & Horses, во која главните ликови Делбој и Родни ги забавуваа сите генерации, го остави во нашите сеќавања и овој жолт комичен пикап на три тркала.

Се работи за жолтиот Reliant Regal Supervan III со испишаното на страна име на фирмата “Trotters Independent Trading Co”, кој беше присутен во првите две сезони на серијата.

Ова возило се произведуваше од 1962 до 1973 година, а BBC има купено шест вакви примероци само за снимањето на серијата Only Fools & Horses.

Минатата година овој ван на три тркала, беше понуден и продаден на аукција за 26.000 фунти, а беше продаден автентично, заедно со куклата на надувување во задниот дел и црвената пуфлеста коцка закачена на предниот ретровизор.

Инаку, овој ван, кој поради своите три тркала можел да се регистрира и како моторцикл, што носело доста даночни поволности во Велика Британија, ги има следните спецификации :

  • Moтор : 700 ccm OHV со четири цилиндри
  • Моќност: 29.5 коњски сили
  • Менувач: мануелен, со четири степени
  • Маса: околу 445 kg
  • Димензии: 3.429 mm x 1.486 mm x 1.448 mm
  • Максимална брзина: Околу 112 km/h.

Поради својата мала тежина – само 445 килограми и трите тркала, овој автомобил бил многу нестабилен и честопати при повисоки брзини склон на превртувања во свијоци.

Токму затоа, главните актери не сакале да го возат и за време на снимањата се применувале други методи – како на пример буткање ии алтернативно снимање на сцените.

Денес, преостанатите примероци на Reliant Regal Supervan III се многу баран и вреден олд тајмер, со специфична вредност на која секако, влијае и неговото појавување во култната британска серија.

Реклама