Легендарното Ferrari на Стив Меквин се продаде за вртоглава цена

42

Атрактивниот ултра редок примерок Ferrari 275 GTB/4 NART Spider од 1967 година, кој некогаш беше во сопственост на Американскиот актер Стив Меквин се продаде за цена од речиси 19 милиони долари!

Цената на моделот беше постигната на аукција, а се работи за автомобил кој бил изработен и лансиран во крајно лимитирана серија од само 19 примероци.

Конкретниот автомобил кој некогаш му припаѓаше на познатиот глумец беше шестиот примерок во серијата и еден од само два автомобили во Blu Sera сина боја со црн кожен ентериер.

Автомобилот бил опремен со 3.3-литарски Colombo V12 мотор со моќност од 300 коњски сили.

Инаку, рекордна цена по која бил продаден еден 275 GTB/4 NART Spider, во 2013 година, дел од уникатната серија од само 10 примероци бил продаден за рекордни 27,5 милиони долари!

Интересно е дека МекКвин не бил воодушевен од фабричката боја, па веднаш откако го купил, го пребоил во нијанса потемна сина боја, а го сменил и внатрешниот дизајн на седиштата.

Погледни ја последната епизода на Темпо Магазин :

Реклама