За фановите на Volkswagen ваквите настани во кои се промовираат модели со ознаката GTI или во конкретниот случај R (симбол за Racing) се вистински празник за очите и душата.
Станува збор за официјалното презентирање на новиот Volkswagen T-Roc R, кој треба да претставува нов SUV со високи перформанси.

Опремен е со 2.0 литарски turbo eTSI мотор, со блага хибридна асистенција, кој произведува моќност од 333 коњски сили и има вртежен момент од 420 Nm.
Бензинскиот мотор ги задоволува новите Euro7 стандарди на издувната емисија, и еспарен со седум степен автоматски DSG менувач со двојна спојка, со распределба на вртежниот момент на задната оска.

Стандардно моделот е опремен со 19 инчни тркала, а како опција може дасе порачаат и оние со големина од 20 инчи.
Кај овој модел можете да изберете седум режими на возење, од кои особено интересни се двата – “Special ” изработен специјално за стазата на зелениот пекол – Нурбургринг и “Drift ”, кај кој, како што кажува и името особено се изразени можностите за дрифтање…

Од 0 до 100 km/h автомобилот забрзува за 5 секунди, а максималната брзина му е 250 km/h.
Интересна е и задницата кај која се поставени четири издувни цевки, потпишани од Akrapovic.

Eнтериерот е модерен, со многу спортски мотиви и секако, алуминиумски педали за подобро спортско чувство зад воланот.

Спортскиот модел на Volkswagen во Германија почнува со цена од 59,995 евра.
Погледнете ја десеттата епизода на Темпо Магазин :













