Германската армија “става рампа” за Кинеските автомобили

34

Според Германскиот магазин Der Spiegel, Германските воени сили забраниле пристап до нивните воени инсталации за неколку Кинески брендови на возила, меѓу кои најистакнати се BYD, Geely и Neo.

Со оваа одлука, им се забранува на сите кои имаат Кинеско возило, без разлика дали се работи за воен персонал или цивилни лица, да влезат во кригот на воени бараки, тренинг полигони или стрелишта.

Сите кои располагаат со вакво возило, треба да се паркираат надвор од воените центри, а како причина се наведува можноста за протекувње на чувствителни информации, опасни по безбедноста на земјата.

Дополнително, Министерството за Одбрана на Германија, издаде забрана да се користат и Кинески дронови, кои може да прибираат и пренесат сензитивни информации до Кинеските безбедносни центри.

Погледнете ја последната епизода на Темпо Магазин :

Реклама