Цунамито продолжува. Мерцедес затвара две фабрики?

240

Европското цунами во авто индустријата очигледно продолжува, а сега го зафати и брендот од Штутгарт, Мерецедес Бенц.

Според веста споделена од German Bild , Мерецедес сериозно размислува да затвори две свои фабрики, со што настојува да ги намали своите производствени трошоци.

Дополнително компанијата ќе ги замрзне сите инвестиции на домашен терен.

Мерцедес располага со дванаесет фабрики во Германија, вклучувајќи ги и оние во Штутгарт, Хамбург и Берлин.

Споредн менаџментот на Мерцедес ова е логичен расплет од ситуацијата во која како што велат, инсистираат да го задржат производството во Германија, но тоа едноставно станува невозможно поради растечките трошоци.

Менџментот и работниците, застапувани од нивните синдикати, влегоа во сериозен спор, откако првите луѓе бараа од синдикатот да се зголеми работното време од 35 на 40 часа во неделата, без притоа да се калкулира пораст во платите.

Од друга страна синдикалните организации сметаат дека изборувањето за бројот на работни часови од 40 на 35 часа неделно, дефакто е една од најголемите победи на работниците, од кои не сакаат лесно да се откажат.

Останува да видиме како ќе се одвива оваа нова драма на Европскиот авто пазар.

Погледни ја последната епизода на Темпо Магазин

Реклама