Теsla го закопа Cybertruck

190

Елон Маск на социјалната мрежа X, објави дека официјално ја затвара приказната наречена Cybertruck.

Причината за овој потег е сериозното потфрлање од предвидувањата. Ако некогаш се планираше годишно производство од околу 250.000 електрични пикапи, минатата, 2025 година беа продадени само 25.000.

Како резултат на тоа, фабриката ќе престане да ги произведува овие пикапи некаде околу половината на следната 2027 година.

Сите оние кои го порачале, а нема да може да го добијат својот Cybertruck ќе бидат обештетени, а парите ќе им бидат вратени.

Погледни ја последната епизода на Темпо Магазин :

Реклама