Шакил О Нил е купувач на коли, каков што само може да посакате

101

Легендарниот кошаркар од златната ера на НБА, Шакил О Нил, во светот е познат како еден од “најлудите” купувачи на автомобили на светот.

Неговите потези и одлуки за купување се импулсивни, некогаш нерационални, но секако, супер забавни.

Во неговата колекција се вбројуваат огромен број на репрезентативни примероци од различни брендови, и во своите одлуки најчесто, пресудна улога имаат големината,комфорот (бидејќи е навистина голем и висок 2,16 метри).

Интересно е дека токму поради големината и моќниот електричен погон со вкупна моќност од 845 коњски сили кои од 0 до 100 km/h го забрзуваат Кибер Камионот на Маск за само 2,6 секунди, Шак во својата колекција има три Tesla Cubertruck.

Но, кога Шакил О Нил, сватил дека со едно полнење може да помине само 300 милји, наеднаш, им свртел грб на своите пријатели од Тесла и започнал да купува Escalade IQ.

И погодувате, веднаш си купил три примероци и порачал да му се кастомизира предното седиште и издолжи шината, за да може без проблем, комфорно да се вози во своето возило.

Овие навики го следат одамна.

Особено е интересна приказната, за неговата одлука да купи три Ролс Ројса во еден ден.

Според приказната, Шакил О Нил, кој тукушто потпишал договор со Лејкерс вреден 121 милиони долари, во бермуди и влечки, заедно со неговиот пријател Мајк Тајсон, посетил едно дилерство на Ролс Ројс.

Притоа немал намера да купува, но испровоциран од едно “тригер” прашање на продавачот, кој го прашал О Нил, дали воопшто има финансиска моќ да си дозволи ваков автомобил… се налутил, го викнал менаџерот и си купил три Ролс Ројса, во вкупна вредност од 1,3 милиони долари.

Да биде трагедијата уште поголема, а случајот побизарен, бидејќи во овие автомобили О Нил тешко влегувал и не се чувствувал премногу комфорно, во најголем дел од времето, автомобилите остаанле паркирани во неговата гаража.

Интересна е приказната и кога сакајќи да влезе во Ферари, О Нил, купил две Ферарија, и побарал истие да ги исечат, спојат и издолжат, за да воопшто може да влезе во овој автомобил.

Слично постапил и со едно Ламборгини Галардо, кое го купил, но побарал да му го кастомизираат и издолжат за да се “собере” во него.

Погледнете ја последната епизода на Темпо Магазин :

Реклама