Kaко ќе се вика најмалиот електричен Volkswagen?

50

Mинатата, 2025 година, Volkswagen го објави својот ID. Every1 concept, кој требаше да му покаже на светот како ќе изгледа најмалиот електричен модел во палетата на VW.

Тогаш, се вртеа шпекулации дека во моментот кога моделот ќе излезе од производните линии, ќе го носи името ID.1, што е сосема логично, ако се земе предвид начинот на кој луѓето во VW ги именуваа своите електрични модели.

Префикс ID., a во продолжение одеа бројки – 3, 4… и така натаму.

Но според најновата номенклатура, Volkswagen повеќе не ги именува своите електрични модели по бројки.

Ги добивме новото ID.Polo, ID.Cross, ID.Tiguan…

Според тоа, последните претпоставки велат дека најмалиот електричен VW најверојатно ќе го носи името ID.Up, име со кое беше именуван најмалиот Volkswagen во поновата историја.

Звучи логично и многу можно…

Погледнете ја последната епизода на Темпо Магазин :

Реклама