Кинескиот автомобил што се продава побрзо од Голф!

66

Кинескиот производител на автомобили Geely неодамна го претстави својот мал електричен мини автомобил Geely E2.

Статистичарите направија една споредба со која дојдоа до заклучок, дека новиот E2 има потенцијал да го симне легендарниот VW Golf од тронот.

Според анализата, Е2 беше презентиран на јавноста во Октомври 2024 година. За неполни две години подоцна, овој автомобил веќе се продаде во еден милион примероци.

Ако се нурнеме во историјата, ќе видиме дека Volkswagen Golf за прв пат започна да се произведува во Март 1974 година, а еден милион примероци произведе во Октомври 1976 година (што значи две ипол години по почетокот на производството).

Ако ова темпо продолжи и понатаму, нема причина да не веруваме дека Кинезите имаат потенцијал да го симнат кралот од неговиот престол.

Погледнете ја последната епизода на Темпо Магазин :

Реклама