Римац : Иднината на хиперавтомобилите не е во чистата електрика.

34

Хрватскиот претприемач и бизнисмен Мате Римац, неодамна изјави дека, благодарение на своето богато искуство со Nevera, заклучил дека иднината на хиперавтомобилите не се крие во целосно електричен сетап.

Во својата компанија Rimac, Мате го разви проектот Nevera како сериозен електричен хиперавтомобил, со четири електрични мотори и вкупна моќност одневеројатно 2.100 коњски сили. Револуционерен модел со погон на сите тркала и максимална брзина од 400 km/h, кој дефакто и го седна на преговарачката маса со Порше, да ја подготвуваат иднината на брендот Bugatti.

Па сепак, истражувањата и анкетите, му покажале на Римац, дека клиентите кои сакаат и купуваат хиперавтомобили, повеќе не сакаат чисто електрични автомобили. Една од причините за тоа се крие и во фактот што целосно електринитеавтомобили полека станаа секојдневие. Ги има насекаде.

Токму затоа, во својот нов потфат, во развој на Bugatti Tourbillon, Римац разви нов плаг-ин хибриден мотор во кој струјата се комбинира со природно аспириран V16 мотор. Е тоа веќе е нешто посебно. И за него клиентите се подготвени да ја платат цената.

Според него, клиентите го бараат оној елемент на уникатност, карактер и искуство.

Токму затоа, Римац во развојот на Bugati Torbillon не отиде на најлесната варијанта. Да ја превземе платформата на Nevera, и на неа да го развие новиот Bugatti.

Не… тој отиде на целосно нов проект, нов развоен концепт, кој можеби и не им беше многу по “ќеиф” на луѓето од Порше.

Па сепак, иницијалните резултати покажуваат дека Римац, повлекол добри потези, бидејќи во 2025 година на Bugatti Rimac му донесе вкупен приход од 640 милиони евра и добивка пред оданочување и такси (EBITDA) oд 200 милиони евра.

Погледнете ја последната епизода на Темпо Магазин :

Реклама