Кинескиот производител на автомобили на Саемот за автомобили во Париз го претстави “Project KO11,” плаг-ин хибрид кој треба да биде наменет за совладување на тешки терени.
Не беа споделени технички спецификации за возилото кое ќе може да се движи на патот и надвор од него, но луѓето од Geely најавија дека овој модел ќе биде ослободен на европските патишта.

Како природна конкуренција на овој оф роадер се наметнуваат Ford Bronco, Defender и Mercedes G-Class, а неговото лансирање во Европа се очекува да се случи следната 2027 година.
Покрај концептот, Geely во Франција ја организираше премиерата и на својот Monjaro EM-i.

Погледнете ја последната епизода од Темпо Магазин :













