Ова е новиот Тусон!

75

Корејската компанија Хјундаи, ја претстави најновата, петта по ред, генерација на еден од најважните SUV модели во својата палета, популарниот Тусон (Tucson).

Моделот кој за прв пат беше промовиран пред 23 години, и со кого полека се пробиваше на Европскиот SUV пазар, сега добива еден нов, модерен, за некого и префутуристички изглед и дизајн.

Новиот Тусон е поставен на унапредената N3 платформа.

Дизајнот, главно, се базира на правоаголни линии. Особено впечатлива е комбинацијата на предните светла во формата на латинската буква “H” кај која хоризонталната светлосна линија се поврзува со светлосните потези на левата и десна страна од предницата.

Ако зборуваме за димензиите, новиот Тусон е долг 4.560 мм, широк 1.900 мм, висок 1.670 мм а меѓуоскинот растојание изнесува 2.720 мм, сите димензии се попоглеми од оние кај моделот од претходната генерација, што значи дека и комфорот во возилото е подобар.

Моделот има тркала од 17 инчи.

Во ентериерот се следи новата дизајнерска филозофија на Хјундаи – Очите на патот, Рацете на воланот... што треба да ја симболизира заложбата да се овозможи јасен, чист дизајн, без премногу работи кои би го свртувале вниманието на возачот.

Во тој контекст пред возачот е тенок екран од 9,9 инчи во кој се проектираат сновните информации за возилото, и централен екран од 14,6 инли кој е чувствителен на допир.

Новиот Тусон ќе се произведува во Чешка, а ќе биде опремен со 1.6 T-GDI мотор со моќност од 150 коњски сили, како и со хибриден 1.6 T-GDI со моќност од 238 коњски сили

Треба да биде достапен и во Плаг-ин хибридна верзија со моќ од 288 кс.

Како и повеќето SUV модели ќе биде достапен во верзија со погон на две или на сите тркала, и со мануелен шестостепен менувач или автоматски менувач со седум брзини и двојна спојка.

Последната епизода на Темпо Магазин :

Реклама