Атрактивниот пред се флотен и бизнис автомобил Superb, оваа година слави 25 години од своето постоење.
За прв пат беше промовиран на 11 септември 2001 година на Саемот за автoмобили во Франкфурт, и во изминатиот период од 25 години се продаде во речиси 1,8 милиони примероци во светот.
Инаку, може да споменеме дека името Суперб, практично потекнува од 1934 година кога модернизираната Skoda 640 го доби токму тој надимок – Superb.

Старите Суперби се поизведуваа до 1949 година, а неколку декади подоцна, поточна во 2001 година, името веше возобновено, како дел од глобаната стратегија на Шкода поткрепена со поддршка на тогаш супериорниот Волксњаген.
Денес истиот овој Суперб кој ја трча својата четврта генерација ја нуди најбогатата палета на мотори во историјата, во која влегуваат и два плаг-ин хибридни мотори кои нудат домет на струја од околу 120 километри.
Според информациите од Шкода, половина од продадените Суперби се продадени на компании, како флотни возила.

Овие два сериозни јубилеја за Шкода. 35 години Октавиа и 25 години Суперб, за жал, доаѓаат во време на сериозни проблеми и премрежја во Групацијата на Волксваген.
Компанијата бележи сериозни финансиски проблеми, дел од брендовите се во сериозна продажна но и концептуална криза, се затвараат фабрики, и тоа, главно оние на Германско тло, гаснат модели. Се продадоа неколку компании со кои се настојува да се обезбеди свеж капитал за здравото ткиво на Волксњаген. Групацијата се подготвува за отпуштање на околу 100.000 работници.
А последен во низата удари, беше и веста дека генералниот директор на Шкода, Клаус Зелмер, ја прифатил понудата и подготвува трансфер во конкурентниот Шведски производител на автомобили со Кинеска крв – Волво.
Како целата оваа стуација ќе влијае на Шкода и на групацијата воопшт, останува да видиме.
Во меѓувреме, секако, уште една честитка за 25-тиот роденден на Шкода Суперб.
Погледнете ја последната епизода на Темпо Магазин :













