Volvo добива нов директор. И тоа од редовите на VW Group!

131

Најдоцна до 01 Октомври, следната 2027 година, Шведскиот Volvo ќе добие нов директор (CEO) и тоа од редовите на Volkswagen Групацијата.

Станува збор за Клаус Зелмер, човекот кој моментно ја води Чешката компанија Шкода.

Германскиот менаџер ќе ја превземе компанијата од Хакан Самуелсон, кој ќе остане во врвот на Волво, барем додека не се заврши комплетната транзиција и примопредавање на должностите.

Инаку, Зелмер е исклучително искусен менаџер, со искуство од повеќе од 30 години во автомобилската индустрија.

Најголемиот дел од кариерата го помина во Порше, од каде во 2022 година ја превзема Чешката компанија и со неа во континуитет книжеше динамичен пораст, а во минатата, 2025 година забележа и рекордна продажба на Шкода во историјата.

За време на својата работа во Порше, тој едно време помина како генерален директор н Порше Германија, подоцна и Порше САД.

Сега, нема зошто да н веруваме дека истите трендови и позитивни резултати ќе ги донесе и во Шведската компанија со Кинеска крв – Волво.

Од друга страна, ова може да се толкува како уште еден показател на комплексната, исклучително тешка ситуација во која е моментно Volkswagen.

Погледнете ја последната епизода на Темпо Магазин :

Реклама