Кинезите пуштаат нов електричен влекач во Европа!

510

Oткако Кинеските производители на автомобили го преплавија европскиот пазар со своите електрични автомобили, дојде редот и на камионите.

Кинескиот џин BYD на Саемот – IAA Transportation 2026 во Хановер, го претстави својот нов камион ETT 44, кој ќе бидедостапен и на европскиот пазар.

Станува збор за електричен влекач, кој ќе му биде директна конкуренција на електричниот Tesla Semi.

ETT 44 има максимална моќност од 1.020 коњски сили и ќе има стандарден домет од околу 400 километри со полна батерија.

За оние кои сеуште немаат доверба во Кинеската технологија, BYD нуди и 10 годишна гаранција.

Реклама