Што значи и од каде доаѓа логото на BMW?

373

Mногумина, не само кај нас, туки и во светот, сметаат дека логото на BMW симболизира авионски пропелер во ротација.

BMW се потруди, самиот да го сруши овој мит.

Како што велат од Баварскиот автомобилски гигант, логото не симболизира пропелер во движење.

Историјата на логото е поврзана со претходникот на компанијата, Rapp Motorenwerke. Кога се работело логото на BMW во далечната 1917 година, се искористил мотивот од претходната компанија (црниот надворешен круг), а дизајнерите во внатрешноста ги додале боите на Баварија (сино и бело).

A за создавање и подгревање на митот за логото, најзаслужна е една маркетиншка кампања од 1929 година кога BMW логото било поставено на авионски пропелер.

Кампањата била толку успешна, што логото го поврзале со авијацијата, а подоцна и со брендот…

А реално, и во BMW веројатно не нашле за неопходно да се појаснуваат и да и објаснуваат на публиката и фановите дека логото, реално нема ништо со авијацијата.

Реклама