Во чест на една декада постоење и продадени повеќе од два милиони примероци во светот, Тојота исфрли специјална едицина на Toyota C-HR GR Sport.
Во очи веднаш паѓа специјалната црна мат боја, 20 инчните тркала, а тука и подобрената спортска шасија.

Освежувањето на моделот е специјално наменето за нашиот, европски пазар.
Наместо со електрични, моделот е опремен со хибридни и плаг-ин хибридни мотори, а поставен е на платформата TNGA-C на која лежат и Corolla, Corolla Cross, и Prius.

Што се однесува до агрегатие, основниот 1.8-литарски хибрид испорачува 138 коњски сили (103 kW), додека посилниот 2.0-литарски хибрид има 178 кс (132 kW).
Од друга страна главниот плаг-ин хибриден мотор испорачува 220 кс (164 kW) и притоа нуди домет на струја од 66 километри во WLTC циклусот.














