На 03 Септември, оваа година, еден од најпродаваните автомобили во гамата на Чешка Шкода, моделот Octavia, наполни триесет години!
Стартот на производството на чешкиот автомобил, започна во 1996 година, четири години откако компанијата влезе во германската групација Volkswagen.

Првата генерација на Skoda Octavia, која сериозно ги употреби технологијата, компонентите и угледот на својот Германски родител Volkswagen, беше лансирана во Април 1996 година, а две години подоцна беше лансирана и комби, или караванската изведба на овој исклучително популарен автомобил на европскиот континент.
Веќе во 1999 година се појави и моделот со погон на сите тркала, а годинa подоцна се појави и првата Octavia RS.
Токму оваа, прва генерација на Октавиа доживеа огромен успех и се продаде во 1,44 милиони примероци, што беше и една од главните причини поради кои Volkswagen вложи сериозни средства во модернизирање на производниот погон во Млада Болеслав.

Како резултат на инвестицискиот циклус од 90.000, фабриката во Чешка го зголеми својот капацитет на 350.000 возила годишно!
Втората генерација на Октавиа стартуваше во 2004 година и се произведуваше и продаваше до 2013 година.
Оваа серија беше поголема и покомфорна, а користеше и некои, за тоа време напредни компоненти како што се “DSG” менувачите со двојна спојка. Ова, заедно со зголемениот капацитет помогнааа втората генерација на Октавиа да се продадево 2,6 милиони примероци.
Третата генерација на Октавиа беше претставена во 2012 година, а се произведуваше до 2020.
Последната, четврта генерација Шкода ја претстави во 2019 година, на истата направи редизајн во 2024 година, а примероци од оваа генерација се сеуште достапни во салоните во Европа.












