Зошто Volkswagen ја губи трката со Кинеските производители?

2237

Во реномираниот германски весник Der Spiegel, неодамна се појави статија во која се пренесени проценките на Volkswagen, според кои цената на чинење на еден автомобил произведен во Германските фабрики чини 6.500 евра, додека истиот трошок за едно произведено возило на Кинески BYD во новата фабрика во Сегед, цената на чинење е само од 2.000 до 2.400 евра.

Во оваа цена на чинење се вклучени – работната рака, енергија, одржување, логистички трошоци на фабриката и депресијација (амортизација).

Не се вклучени трошоците за материјали и продажни трошоци.

Оваа споредба, и разликата од околу 4.000 евра по возило, самата по себе, сигурно ги запалила сите аларми кај германските производители на автомобили и јасно покажува колку е голем гапот кој Германците мора да го совладаат ако сакаат да станат конкурентни во бробата со Кинеските производители.

Дополнително, една од причините поради кои Кинезите сериозно го освојуваат светскиот пазар се крие и во фактот што тие отвараат нови фабрики во кои директно се применуваат нови технологии и нова опрема, додека фабриките на Volkswagen се веќе изградени и опремени, па за нивно прилагодување на новите возила, потребни се сериозни инвестиции, ротации, реорганизации.

Дополнителна предност на Кинезите веројатно е и полесната организација, помалку организациски нивоа, помала комолексност на производите, поголема автоматизација во фабриките…

Фото – VW Press

Сето ова се сериозни фактори кои треба да се земат во предвид доколку Volkswagen кој се соочува со сериозни финансиски проблеми и најавува сериозни отпуштања, сака да преживее и да победи во конкурентскиот натпревар.

Реклама