Jeep ќе се произведува во Кина

462

Откако Групацијата Стелантис, во која влегуваат голем број на европски светски автомобилски марки (Peugeot, Citroen, Fiat, Jeep, Opel…), го шокираше светот на почетокот на оваа година, објавувајќи ги катастрофалните резултати за минатата година (нето загуба од 22,3 милијарди евра), се чини дека спасот се бара во Кина.

Конкретно, според последните информации, луѓето од Jeep сериозно размислуваат и прават планови да го префрлат производството во Кина со помош на Dongfeng.

Производството во Кина би почнало во 2027, а одтаму, возилата би се извезувале низ целиот свет.

Групацијата веќе има формирано заедничко вложување со Донгфенг, во вредност од над 1 милијарда евра, и во новата заедничка компанијат би требало да се произведуваат два електрични модели под заштитното лого на Peugeot и два под брендот Jeep.

Моделите ќе бидат склопувани во фабриката во Вухан.

Реклама