Нов хаос во Stellantis! 1 милион отповикани возила!

144

Групацијата Стелантис, која беше формирана во Јануари 2021 година, со спојување на Fiat Chrysler Automobiles (FCA) и PSA Group во која функционираат Peugeot и Citroen, се чини дека ги живее најтешките моменти во својата историја.

Откако Групацијата објави катастрофални резултати за 2025 година, и загуба од фрапантни – 22,3 милијарди евра, сега Стелантис се соочува и со нови проблеми.

Според светските медиуми, меѓу кои и Euronews, Стелантис отповикува 955,000 автомобили, поради софтверска грешка која го попречува проектирањето на слика од задната камера на инфотејнмент системот.

Во маркантната листа на Стелантис, уште влегуваат овие брендови – Abarth, Alfa Romeo, Chrysler, Citroën, Dodge, Fiat, Jeep, Maserati, Opel, Peugeot, Ram и Vauxhall…од кои многу брендови се соочуваат со сериозни финансиски проблеми.

Од вкупната листа, најголемиот број на засегнати возила (848,511) кои се отповикуваат и мора да одат во сервис се од Американскиот пазар, каде Групацијата ионака нема сериозни продажни резултати.

Останатите проблематични возила се во Канада, Мексико и другите светски пазари. Не е специфицирано дали и колку од возилата се од нашиот континент.

Да биде трагедијата уште поголема ова е веќе трет сериозен отповик на возила во Америка.

Во јуни беа отповикани еден милион примероци од автомобилите Jeep Wrangler и Gladiator поради дефектна електрична инсталација во серво воланот. Во јули беше отповикана една серија на Grand Wagoneer и Wagoneer L автомобили поради неисправен софтвер за сопирањ кој може да го блокира електронскиот систем за стабилност на возилото.

Реклама