Кинезите направија флип од 360 степени, како некогаш, Шумахер

1598

Во 2010 година, ултра популарниот возач на Формула 1, Михаел Шумахер, заедно со германските инжинери и своето Mercedes-Benz SLS AMG, направи еден успешен експеримент за кој до денес се зборува.

Во тунел, под сериозна инжинерска контрола направи комплетно вртење на возилото во тунелот.

Како сето тоа изгледаше можете да погледнете во следното видео :

Шеснаесет години подоцна, истиот експеримен се обидоа да го изведат и Кинезите, со брендот Voyah, дел од групацијата Dongfeng.

Со моделот Passion S, направија обид за комплетно вртење од 360 степени.

Како изгледаше тоа, погледнете во видеото :

Веднаш се прошири шпекулацијата дека експериментот и каскадерскиот потег, всушност е дело на вештачката интелигенција, но многу брзо потоа, беше покажано и видео од еден неуспешен потег на каскадерите на Voyah каде возилото не успева да се сврти според очекувањето.

Во него се гледа дека тест возилото забрзува, влегува во тунелот, се качува на кружната рампа, но не успева да направи целосен круг на таванот и прави принудно спуштање, за среќа на тркалата.

Подоцна Voyah покажа неизмонтирани снимки, според кои можеме да заклучиме дека експериментот е реален и изведен со вистинско возило.

Нема зошто да не им веруваме… така?

Реклама