Индискиот производител на автомобили Mahindra, и го прикажа на јавноста својот нов пикап камионет под името Mahindra Scorpio Lifestyler.
На светските пазари, веројатно ќе се продава само под името Lifestyler и ќе се натпреварува во еден исклучително конкурентен свет, в кој веројатно доминира Јапонскиот Hilux.
Една од главните предности на моделот, секако, треба да биде цената која е позиционирана на околу 21.000 долари.

Производството на овој модел ќе остане во Индија.
Под хаубата се очекува да биде вграден 2,0 литарски бензински мотор со моќност од 197 коњски сили (149 kW) и 2.2-литарски дизел мотор со моќност од 173 кс (129 kW). Тој ќе биде достапен со мануелен и автоматски менувач, со погон на задните тркала или со погон на сите тркала.
За старт, не се планира понуда на електрични или хибридни верзии на моделот.
А како ќе изгледа, можете да видите од рендерираните фотографии кои доаѓаат од производителот, подолу.























