Aвтомобилот на тапанарот на Pink Floyd, продаден за рекордна сума

33

Специјално дизајнираниот и направен McLaren F1 GTR, уште познат и под името “Pop Art F1” кој некогаш беше сопственост на Ник Мејсон, тапанарот на Pink Floyd се продаде на аукција за 34,6 милиони долари!

Со тоа, ова е и најскапиот британски автомобил продаден на јавноста, во историјата.

Се работи за исклучително редок автомобил, еден од деветте примероци направени по спецификациите од 1996 година.

Во прво време, автомобилот бил задржан од страна на компанијата и бил користен за тест возење, а изложен е (иако не возел официјално) на трката – 24 Hours of Le Mans.

Уште повреден го прави и фактот што само овој автомобил во палетата на McLaren F1 GTR, е обоен во црвена и жолта боја, која инспирацијата ја црпела од тогашните поп-арт мотиви во 90-те години на минатиот век.

Во 1999 година, автомобилот му е продаден на тапанарот на Пинк Флојд, Мејсон, кој во својата колекција го задржа во период од 25 години.

Реклама