Oва се вистински коли…

105

Иако на прв поглед ќе помислите дека се работи за страници на некој стрип, оваа мала фотогалерија всушност прикажува вистински автомобили.

Се разбира, автомобилите се украсени и дел од уметничката инсталација во автомобилскиот музеј – Petersen Automotive Museum, во Лос Анџелес.

Дело се на уметникот Џошуа Вајдс, кој на неколку модели од марката Mercedes, Porsche, Ferrari ја постави својата уметничка визија.

За потребите на изложбата уметникот, најпрво ги обоил возилата во бело, а потоа со црна боја ги туширал контурите и им дал дво димензионална форма, за истите да изгледаат како да излегле од страниците на некој автомобилски стрип.

Притоа, не се само автомобилите дел од оваа изложба, тука има и пневматици (гуми), апарат за кока кола, опрема и алат…

Супер, нели?

Реклама